Твитер конкурс: „Напиши љубов во 140 карактери“

Сподели

Здружението на граѓани „ФАД Стоби“, во својство на организатор на 54. „Рацинови средби“, го објавува и последниот награден конкурс „Напиши љубов во 140 карактери“, наменет за корисниците на социјалната мрежа „Твитер“

Целта на конкурсот е поттикнување на креативноста, ширењето љубов и промоција и афирмација на љубовната поезија на Рацин на официјалниот твитер профил на манифестацијата @racinovisredbi

Бидете креативни, ширете љубов и твитајте ги вашите љубовни пораки на македонски јазик, со кирилично писмо и хаштаг #pc

За најубавата твитер љубовна порака предвидена е вредна награда која ќе биде доделена на свеченото отворање на „Рациновите средби“ на 9 јуни во Велес.

Конкурсот ќе трае до 1 јуни 2017 година.