VDay: ВАГИНАЛНИ МОНОЛОЗИ

Сподели

Менада, 06.јуни
Денес, повеќе од било кога, ни треба револуција… Револуција за конечно ослободување на жените од насилството, неправдата, дискриминацијата… со кои секојдневно се соочуваат.
Ако сакате можете да бидете дел од оваа револуција…Билетите во предпродажба можете да ги најдете преку продажната мрежа на Купи Карти За Се, по симболична цена од 150 денари.

*Сите собрани средства ќе бидат донирани во Граѓанска организација за унапредување на правта еднородителски семејства ЕДНА МОЖЕ, кои покрај подобрување на животот и борбата за права на еднородителските семејства, работат и на подобрување на положбата на жената во општеството.

Нели, секоја револуција започнува од нас самите.

Мојата револуција почнува во телото. Таа нема да чека повеќе. Oваа револуција не бара дозвола, ниту оправдување… Се случува затоа што мора да се случи, во секое маало, село, град, метропола… Како собирање на племињата, како собир на колегите, студентите, жените од пазарот, жените од автобус… Може да биде мека и постепена… Може да биде спонтана и гласна… Можеби веќе се случува некаде… Може да ја најдете во вашиот орман, во вашата храброст, во вашите нозе…

Ако сакате можете и да и се придружите на оваа револуција…
Да почуствувате дел од нејзината мистерија или нејзината радост… Од нејзината тага или да му погледнете на нејзиниот страв во очи… Можете да слушнете што имаат жените од светот да ви кажат и раскажат, преку гласовите на нашите активстки кои ќе ви ги пренесат сведоштвата за уникатни искуства на љубов, раѓање, насилство, силување… На најискрен, оголен од секакви правила, начин…

… И не се работи за измислување, се работи за паметење закопано длабоко во темнината на траумите и сенките.

Оваа револуција го бара вашето внимание…
————————–————————–————————–————
“Вагинали монолози” е дело напишано од Ив Енслер кое за прв пат е изведено во 1996 година во Америка. Истото во Македонија се организира по петти пат во продукција на неформалната група на граѓани VDay.