Онлајн петиција: Фатиме Фетаи за Јавен Обвинител на Р.Македонија

Сподели

„За правда во Македонија. Граѓанска петиција за предлог на Јавен Обвинител на Р.Македонија. Правда за секого! Правичност кон секого!“, стои во онлајн-петиција која во теков на денов, до објавување на текстов, ја потпишале околу 300 граѓани.

Со петицијата се бара назначување на обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО за републички Jавен обвинител.

Петицијата доаѓа во време кога се отвори јавна дебата за можниот наследник на Марко Зврлевски, откако премиерот Зоран Заев јавно го повика да поднесе оставка, а Владата на втората седница пред два дена ја почна постапката за смена на досегашниот Јавен обвинител со предлог за негово разрешување.