На вонредните парламентарни избори во Велика Британија, Конзервативната партија на премиерката Тереза Меј освоила 42,4 отсто од гласовите, додека опозициските лабуристи добиле 40,2 отсто, јави „Би-би-си“.
Според овие, неконечни резултати, ниту една партија нема да може да има мнозинство во парламентот од 650 места. Меј не планира да поднесе оставка и покрај доживеаното фијаско, јавуваат британските медиуми.
На трето место се либералдемократите со 7,1 отсто од освоените гласови, а потоа следи Шкотската национална партија со 3,1 отсто.
Според прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори во Велика Британија, конзервативците ќе имаат 313 места во парламентот, лабуристите 260, Шкотската национална партија, а либералдемократите 12 пратенички места.
Тоа значи дека конзервативците го изгубиле мнозинството во парламентот, поради што идната влада ќе биде коалициона.
Излезноста била 68,7 отсто, а конечните резултати се очекуваат попладне.
Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин вели дека премиерката треба да се повлече затоа што ризикувала со предвремените избори и изгубила. Истакна дека изборните резултатите покажаа дека Меј „изгубила, гласови, поддршка и доверба кај гласачите“.