Макфакс дознава: СЈО заврши повеќе од десет истраги, обвиненија до крајот на месецот

Сподели

Специјалното јавно обвинителство завршило повеќе од десетина истраги и се очекува до крајот на месецот да се донесат обвинителни одлуки: Обвиненија, или запирање на постапки. Како што дознава Макфакс од извори блиски до СЈО, најголемиот дел од осомничените веќе ги примиле известувањата за завршените истраги, со исклучок на оние кои не биле во земјата или пак, од најразлични причини не можат да им бидат доставени известувањата. Меѓу нив се, екс премиерот Никола Груевски, Илија Димовски, Кирил Божиновски и други, но ќе се направи напор во текот на денот и тие да им бидат доставени, објави Макфакс.

За денеска се повикани на распит дел од осомничените во случајот „Талир“ (за финансирањето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ), а оние кои немаат добиено известување ќе бидат повикани в понеделник. Како што дознава Макфакс, дел од осомничените во случајот одбиваат да ги примат известувањата и, најверојатно, се надеваат да истече рокот од 18 месеци за доставување обвиненија, кој завршува на 30 овој месец.