По реакција на Министерството за надворешни работи, британскиот весник „Фајненшел тајмс“ го смени насловот на интервјуто со шефот на дипломатијата Никола Димитров од кој произлегуваше дека владата размислува да го смени името на државата за да влезе во НАТО. Според новиот наслов, владата размислува да влезе во НАТО со привремената референца БЈРМ.
Според текстот, министерот Димитров денес во НАТО ќе им каже на високите преставници на алијансата дека членството на Македонија во алијансата ќе помогне да се смири поширокиот Балкански регион по неколку месеци политички тензии кои повремено прераснуваа во крвопролевање. Димитров најавил дека со грчкиот министер Никос Коѕиас ќе се сретне в среда.
Димитров рекол дека е премногу рано да разговараат за какви било конкретни предлози име, но тој ќе се состане со грчкиот министeр во среда да ја врати довербата меѓу двата соседи, откако Атина во 2008 стави вето македонското членство во НАТО.

„Ќе побарам од Грција да размисли каков вид сосед сака – дали сакаат стабилна, пријателска земја која нуди надеж за демократија и правда”, изјавил тој во интервјуто.
„Ако сме добри соседи, тогаш се надевам дека политичките сили во Грција ќе ја искористат ова историска шанса”, порачал Димитров.
Владата на СИРИЗА ја поздрави новата влада во Скопје како покооперативен партнер од претходната, која беше силно националистичка, а официјални лица излегоа со претпазливи забелешки во однос на изјавата на Димитров, пишува весникот.
„Постојат основи за повеќе оптимизам и ние се надеваме дека ќе има напредок на средбата со нашиот министер за надворешни работи во Атина “, изјави еден грчки функционер. Но, тој ја отфрли можноста за одредување временски распоред за постигнување компромис:
„Ова прашање е на маса повеќе од две децении, и би било избрзано да се прават какви било предвидувања”, оцени тој.
Весникот во текстот како можна варијантна го споменува името Горна Македонија, нагласувајќи дека, според Димитров, договореното име за компромис ќе биде ставено на референдум во Македонија, а претходно за него ќе се бара консензус од сите политички партии.