Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од прославата на роденденот на партијата порача дека за брзо време ќе се вратат на власт и додаде дека за партијата е подготвен „пеколен план“ да биде заслабната пред локалните избори.
-“На оние на кои им е потребно поделено ВМРО-ДПМНЕ, да им порачам дека ќе одолееме на овие притисоци. Нашата битка не престанува овде, таа допрва почнува. Допрва ќе следуваат погубни чекори на СДСМ, на кои ќе мораме да се спротивставиме. Остануваме заедно како еден, ние сме ВМРО-ДПМНЕ, не заборавајте на нашите претци. Ќе дојде брзо денот кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја води земјата, кога народот ќе каже дека единствената опција е ВМРО”, рече Груевски.
Според него новата влада на СДСМ е вештчки насадена, која се нафатила да одработи нешто на кое Груевски не се нафатил.
-“Откако ги донесоа на власт сега наумиле нов план-пред да го одработат ветеното, планот е да го ослабнат ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори и партиски да завладеат со судството и медиумите. ВМРО-ДПМНЕ да е слаба и поделена, судството да ги гони челниците на ВМРО-ДПМНЕ, тргнаа на ѓон, и на ѓон не така далеку од сега ќе завршат. Сега ќе ги галат. Ќе ги величаат, нас ќе не претставуваат во негативна смисла, јавно говорат дека сакаат медиумите да ги критикуваат, а погледнете со суптилни закани со казни на Советот за радиодифузија, на најгледаните телевизии нема ниту еден критички прилог за СДСМ. Осумдесет посто од прилозите се афирмација на новата власт. Но сега никому тоа не му пречи, сега нема проблем со избалансирано известување”, рече Груевски.
-“Без никакви докази ќе штанцаат докази против луѓе од ВМРО-ДПМНЕ. Сакаат да создадат негативна слика за нас. И додека сето ова се готви, немаме реформи, ниту просечна плата од 30.000 денари, ни 100.000 денари плата за лекарите, ни покана за НАТО, ниту преговори со ЕУ, ниту повисоки пензии. Ги нема ниту 600.000 од странство кои требаше да се враќаат.”
-“Ние сме пред кадровско освежување, ќе има нов начин на дејствување во новонастаната ситуација, во тек се корекции на се што е наша грешка, во тек е внатрешна обнова и подготовка за нов почеток, во тек е враќање на ВМРО-ДПМНЕ. Допрва народот ќе види разлика помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. СДСМ допрва ќе се соочи со народот, кој денес се доволно разбра. И Албанците во Македонија ќе сфатат дека со СДСМ се е ветер и магла. Ние мора да работиме на исправање на искривената слика која за нас ја создадоа медиумите на СДСМ. Сето тоа беше намерно создавано, за коалицирањето со СДСМ да биде попосакувано од Албанците.”
-“Посакуваме брз прием во НАТО и ЕУ и ќе го поддржиме, но ВМРО-ДПМНЕ ќе спречи постапки кои се надвор од македонските интереси. Нема да дозволиме нечија чудна еуфорија и враќање на долг да ги прекрши националните интереси и во тоа нема да им помогне ниту СЈО ниту ништо.”-”
-“ВМРО-ДПМНЕ победи на овие избори, а СДСМ со теренска помош на одредени структури ја донеасоа на власт. Јас стојам зад нашите одлуки и сум подготвен за одговорност, ВМРО-ДПМНЕ мора да оди напред, рече Груевски.”