Вчера, на фамилијарна роденденска забава, по којзнае кој пат се изнаслушавме лажни зборови, измислици и самофалби. По кознае кој пат слушнавме за внатрешни и надворешни непријатели како и инфантилни пораки и блефови. Тоа беше скапа парада на лажна сигурност. Видовме, како купче персони, кои ја украдоа Македонија и ја приватизираа ВМРО-ДПМНЕ непречено продаваат магла, па дури и се закануваат. Пастирот дрско кобеше и го кудеше народот зошто повторно не му дал апсолутна власт со 63 пратеника. Оти, кутрите, поради „жолтите комбиња“ последните избори не можеле пак да ги наместат како и сите претходни.
Од друга страна, десетици илјадници луѓе по најразлични основи, од неразјаснети случаи, преку тешки монтирани прогонства, па се до брутални бизнис преземања, рекетирања, малтретирања и бркања од работа, секојдневно очекуваат да се почне со реална примена на Кривичниот закон. Затоа, ФРОДЕМ ја повикува новата власт без никакви задкулисни калкулации веднаш да пристапи кон враќање на поредокот и правдата, и конечното декриминализирање на Македонија.

Прва работа која членството на ВМРО-ДПМНЕ треба да ја направи е масовно барање за оставка на Груевски како и да го промени статут со кој ќе овозможат нормални внатрепартиски односи меѓу членството и органите. Во реформираната партија гласот на членството треба да е одлучувачки, а не обратно, пастири и измеќари во врхушката да одлучуваат за се и за сешто, како што тоа се правеше последниве десетина години. Практично, со партијата десетина години се владееше како со приватна фирма со елементи на противправно здружување.
Истовремено, ФРОДЕМ го повикува членството и органите на новата власт, односно кандидатите за функции, да не се нафаќаат на функции кои не можат да ги извршуваат, а особено ако не можат да ја вратат правдата и поредокот во земјата. Македонија нема време секојдневно да се бави со функционерски биографии. Македонија очекува резултати.
На Македонија како држава и се укажува прилика брзо да си го врати нарушениот меѓународен углед и да ги подобри добрососедски односи. Оваа прилика е наша граѓанска и патриотска должност. Сите заедно треба да дадеме придонес.