Предлогот за разрешување на Зврлески на седница, на 3.јули

Сподели

Предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, е на дневен ред на шестата седница на Собранието на Република Македонија, која е закажана за 3 јули.

„Предлогот за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, пред истекот на мандатот, е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во своето однесување и дејствување именуваниот покажа дека не е способен за извршување на функцијата, поради неподнесување барање за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата“, стои во образложението на предлогот за разрешување на Зврлевски доставен до Собранието.

За разрешување на државниот јавен обвинител е потребно просто мнозинство од 61 пратеник.