Меѓународна поетска манифестација „Празник на липите“

Сподели

Меѓународната поетска манифестација „Празник на липите“, во организација на Друштвото на писателите на Македонија, ќе се одржи денеска во Скопје.

Во првиот дел од манифестацијата, во домот на македонските писатели ќе бидат врачени наградите „Книжевно жезло“ на македонскиот поет Стојан Тарапуза и поетот од Косово Екрем Баша. Наградите ќе ги врачи претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото на Тарапуза и Баша ќе зборуваат Борче Панов и  Али Алиу. Манифестацијата ќе ја отвори претседателот на Организациониот одбор Владимир Мартиновски.

На поетскиот митинг, напладне ќе настапат 28 поети со стихови посветени на Скопје и липата.

Ќе биде доделена награда за најдобра песна на митингот, а на поетесата Бистрица Миркуловска ќе и биде врачена наградата „Даница Ручигај“ за стихозбирката „Фатаморгана“. Програмата ќе ја води Александра Велинова.