Министерката за образование Рената Дескоска најави ревизија на учебниците на сите нивоа. Таа изјави дека со ова прашање ќе се занимаваат експерти и комисии и додаде дека секоја содржина за која ќе се потврди дека е погрешна или поттикнува говор на омраза ќе биде отстранета од учебниците. Освен учебниците, Дескоска најави разгледување и на лектирите, за што примила и барање од Здружението на писатели.