За прв пат во речиси 20 години долга традиција Белата куќа не беше домаќин на ифтар, вечерата со која се одбележува крајот на постот за време на муслиманскиот свет месец Рамазан. Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија преку соопштение им го честитаа празникот на муслиманите.
„За време на празниците ние се потсетуваме за мажноста од милоста, сочувството и добрата волја. Преку муслиманите од целиот свет, САД ја обновуваат својата заложба за почитување на овие вредности“, е наведено во соопштението.
Трамп кој претходно беше цел на критика поради неговата употреба на антимуслиманска реторика ја прекрши традицијата на претходните три администрации. На ифтар во Белата куќа во минатото присуствуваа проминентни муслимански лидери, членови на Конгресот и дипломати од муслиманските земји.