Критична маса #62: Заспана контрола – сообраќај чудовиште!

Сподели

Иницијативата „НаТочак“ на 28 јуни, од 19 часот ке ја вози 62-та по ред велосипедска „Критична маса“, која ќе започне од плоштадот „Македонија“, а ќе продолжи со протестен пикник на булеварот „Климент Охридски“.

Оваа Критична маса е посветена на проблемот со нелегалното паркирање и узурпирање простор за туѓо движење.

„Правото на слободно движење ни е уставно загарантирано на сите граѓани. За тоа право да се реализира постојат закони кои регулираат дека коли не смеат да се паркираат онаму каде попречуваат и загрозуваат нечие движење. Затоа постојат и пропишани казни, за оние случаи кога некој ќе се дрзне да го загрози тоа право некому.

За проблемот со нелегалното паркирање и узурпирање простор за туѓо движење сме посветиле многу критични маси досега, но очигледно не било доволно. Со оваа Критична маса сакаме акцентот од личната несовесност на некои од возачите (која секако постои) да го ставиме на одговорноста на институциите, пред сè сообраќајната полиција.