Културно – информативен
Третото издание на “ФЕМИНА 8” дефинира ликовен пристап со контекстуализирано значење на „фемина“, само како едно од многуте значења што ги продуцира една „слика“ со ликовна содржина и опис. “ФЕМИНА 8/III” во сите шеснаесет авторски потписи има забележителни и помалку забележителни женски ликови, што како парадигми, во конотација на културата на жените, креираат препознатливи локални и глобални „слики“. Женско тело, автопотрет, објект, фотографија, боја, цртеж, колаж; сите тие го создаваат ликот на “ФЕМИНА 8/III” како заштитен ликовен знак што сепак прецизно го наметнува женското ликовно писмо. „Негативниот“ и „проблематичен“ ликовен концепт на „наметнување тема“: политика и уметност – поседува многу иронија, игра, за…плет и расплет што прецизно ја категоризира “ФЕМИНА 8/III” како бунтовничка што пркоси во заштита на сопствениот ликовен идентитет.
– Јана Манева-Чупоска (куратор)
– Жанета Вангели
– Славица Јанешлиева
– Петра Јовановска
– Маријана Костојчиновска – Узунчева
– Александра Ристовска
– Илина Арсова
– Дороти Пачкова– Сергеј Андреевски
– Фехим Хусковиќ
– Жарко Башевски
– Јован Балов
– Миле Ничевски
– Ангел Мијов
– Милан Андов
– Борче БогоевскиИзложбата е во организација на ДЛУМ и е во рамките на Скопско културно лето/2017
– Жанета Вангели
– Славица Јанешлиева
– Петра Јовановска
– Маријана Костојчиновска – Узунчева
– Александра Ристовска
– Илина Арсова
– Дороти Пачкова– Сергеј Андреевски
– Фехим Хусковиќ
– Жарко Башевски
– Јован Балов
– Миле Ничевски
– Ангел Мијов
– Милан Андов
– Борче БогоевскиИзложбата е во организација на ДЛУМ и е во рамките на Скопско културно лето/2017