Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, ги покани лидерите на албанските парламентарни партии денеска да присуствуваат на заедничка работна средба во 14 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје, „за да ја разгледаат имплементацијата на програмските определби“.
Ваквата средба тој ја навести уште пред неколку дена, најавувајќи дека таа ќе се реализира по прославата на верскиот празник Рамазан Бајрам. Средба со албанските парламентарни партии завчера имаше и еврокомесарот за соседска политика и проширување, Јоханес Хан. Како што изјавија од дел од партиите, на средбата се разговарало за потребата од реформи, за интеграциските предизвици и за поддршката што се очекува од сите партиски субјекти за реализација на тие цели.
Во соопштението од ДУИ за денешната средба нема детали за кои „програмски определби“ ќе се разговара, но веќе е извесно дека Движењето „Беса“ кое во парламентот има пет пратеници, нема да присуствува на разговорите. Од таму не ги кријат причините за ваквата одлука.
„За програмски определби не се разговара по хотели“, вели портпаролот на движењето, Фатон Фазлиу.
„’Беса’ нема да биде дел од овој состанок, бидејќи во него препознаваме сценарио и обид на ДУИ преку вакви ‘активности’ да ги покрие своите досегашни грешки. Нема потреба да се среќаваме во хотели. Зошто таа средба да не се реализира во Собранието, кое е вистинското место за дијалог меѓу партиите?“,