ВЕНЕЦУЕЛА: Напад врз Врховниот суд и претседателот Мадуро

Сподели

Врховниот суд на Венецуела бил нападнат во раните утрински часови откако хеликоптер испуштил неколку гранати врз објектот. Според претседателот  Николас Мадуро се работи за “терористички напад“.

Фракција полицајци и воени офицери украле украле полициски хеликоптер и фрлиле гранати врз Врховниот суд на Венецуела, а претседателот Николас Мадуро самиот чин го нарекол “терористички напад” со цел да се уништи владата.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа полицискиот хеликоптер кој кружи над главниот град Каракас, а потоа се слуша пукање и експлозија. Полицискиот службеник изјави дека управувал со украдениот хеликоптер осудувајќи ја “криминалната влада”. Моментално не е познато ниту каде се наоѓа, ниту што се случило со него.

Во вторникот Мадуро ги повтори своите изјави дека САД ги поддржува обидите за удар на неговата влада и го предупреди претседателот Доналд Трамп дека Венецуела ќе се спротистави на нивните обиди за инвазија. До сега, дури петмина лица се уапсени за обвинение дека  планирале рушење на владата и дека соработувале со САД.

Мадуро (54) наведе дека во нападот нема повредени.

https://youtu.be/E6IU1codg6U