Два земјотреса ноќеска повторно го потресоа Охридскиот регион кои кај населението предизвикаа вознемиреност и страв од наредн посилен потрес.
Змјотресите не предизвикаа никакви материјални штети.
Експертите по сеизмологија оценуваат дека се работи за редистрибуција на напрегање на силите за сеизмички активно подрачје.
„Ова е исклучително активна недела и имаше околу 500 земјотреси кои се должат на активноста на трите раседи од охридското епицентрално подрачје“, вели Драгана Черних од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.
Серијата земјотреси во охридско-струшкиот регион започна пред десеттина дена, односно на 18. јуни со потрес со јачина од 4,1 степен по Рихтер. Потоа следуваа и други од 3,6 до 3,9 степени.
„Овие земјотреси се должат на трите петринско – пештански раседи што се наоѓаат на источниот дел на охридската депресија. Тие се длабоки раседи со длабочина од 1.500 метри и ги даваат сеизмичките активности во тоа подрачје“, вели Черних.