Пред да тргнете на пат прочитајте: ФЗОМ советува: Побарајте привремена здравствена легитимација пред заминување на одмор
Министерството за внатрешни работи информира дека согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата односно одредбите од законот кои се однесуваат на начинот и постапката за издавање на меѓународна возачка дозвола што почнуваат да се применуваат од утре, на секој возач кој поседува возачка дозвола, на негово барање му се издава и меѓународна возачка дозвола.
Промените се однесуваат на тоа дека на возачот на кој му е изречена прекршочна санкција – забрана за управување со моторно возило за одреден период – не може да му биде издадена меѓународна возачка дозвола додека му трае изречената забрана. Согласно правилникот кој ја регулира оваа област почнувајќи од утре кон барањето за издавање на меѓународна возачка дозвола се приложува и потврда издадена од МВР и СВР (Оддел за управни работи) дека против возачот не е изречена прекршочна санкција, односно забрана за управување на моторно возило. Потврдата се издава веднаш по поднесеното барање.