Таравари: Нови вработувања на медицински персонал во ГОБ „8-ми Септември“

Сподели

По денешната посета на ГОБ „8-ми Септември” министерот за здравство Таравари изјави дека постои недостиг на сестри во некои оддели.

-Одлучивме да најдеме решение во што поскоро време за вработување на 30 до 60 медицински сестри, изјави министерот. Ќе разговарам и со министерот за финансии и со премиерот, за што поскоро да го решиме проблемот. Да вработиме барем со договор на дело одредена бројка медицински сестри, со која би ја амортизирале состојбата, па понатаму да вработиме уште една група на медицински сестри за да достигнеме до оптимумот, кој што е 60 вработувања, изјави Таравари.

Директорот на ГОБ „8-ми Септември“ Сашо Стојчев, рече дека болницата работи интензивно и изрази надеж дека со новите вработувања ќе може да го отворат операционите сали и листите на чекање не бидат долги.

– Преоптеретеноста на медицинскиот персонал е главна причина за затворање на одредени одделенија, кои во летниот период обично биле затворени. Капацитетите никогаш не биле преполовени, 80 кревети се се уште затворени, но затоа другите останати се 95 проценти пополнети, изјави Стојчев.
Посочи дека најмногу влијае тоа што се затворени операционите сали.