Николовски: Нови четири консолидации на различни подрачја во земјава, од кои најголем бенефит ќе имаат земјоделците

Сподели

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска присуствуваше на работилницата во рамки на проектот „ Воведување на Национална програма за консолидација на земјиште“, финансиран од Европската унија, а спроведуван од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), во соработка со МЗШВ.

Во следните 3,5 години со поддршка од Европската унија и ФАО и заедничка соработка и со другите партнери во проектот, планирано е да се спроведат нови четири консолидации на различни подрачја во земјава, од кои најголем бенефит ќе имаат земјоделците.

Новата реформска Влада, при креирањето на земјоделските политики особено внимание посветува на консолидацијата т.е окрупнувањето на земјоделското земјиште, а со дополнителни субвенции ќе се зголемуваат и земјоделските површини, потенцира Николовски.