Трамп: САД посветени на одржување на безбедноста

Сподели

Доналд Трамп денеска во Варшава изјави дека САД се посветени на одржувањето мир и безбедност во централна Европа и дека земјата соработува со Полска како одговор на активностите на Русија и нејзиното дестабилизирачко однесување.

Говорејќи по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда, Трамп исто така ја реафирмираше посветеноста на Вашингтон на НАТО алијансата.

Според него, силната алијанса на САД со НАТО и со Полска останува критична за одвраќање на конфликтот и со цел да се осигура дека војната меѓу големите сили никогаш повторно нема ја уништи Европа и дека светот ќе биде побезбедно и подобро место. Трамп истакна и дека смета оти Русија се мешала во претседателските избори во САД во минатата година, но според него тоа никој не го знае за сигурно.