Министерот Таравари во Хрватска на регионален состанок за елиминација на хепатитис

Сподели

Министерот Таравари денес е во Хрватска, каде што присуствува на регионалниот состанок за елиминација на хепатитис.

– “Денес Република Македонија ја има честа за првпат после долг период да се вклучи во еден глобален и европски процес за елиминација на еден од најопасните вируси на денешницата, хепатитот Ц и редуцирање на хепатитот Б.”

– “Јас како новоназначен министер во новата Влада, ја имам таа историска чест постепено и полека да го започнам процесот за елиминација на овие заболувања и во нашата земја, со што за првпат ќе овозможиме пристап до соодветна терапија и дијагностика со можност на започнување на Национален акциски план за елиминација до 2030 година”, истакна министерот во својот говор.