Стигнаа првите жалби до Апелација од СЈО и од обвинетите во „Траекторија“

Сподели
Апелациониот суд денеска ги примил првите жалби на одлуките на Кривичниот суд кој одговори негативно на сите барања на Специјалното јавно обвинителство за определување на притвор за обвинетите опфатени во 17 обвиненија, пренесува 24 Вести.
Како што информираат од Апелација, во судот пристигнала жалбата и на СЈО и на одбраната на Владимир Пешевски обвинет во предметот „Траекторија“. СЈО поднесе жалба на одлуката на Кривичниот совет кој му го одзеде пасошот на поранешниот вицепремиер, додека одбраната на Пешевски се жали токму на ваквата мерка на претпазливост.
Другата жалба е од одбраната на Љупчо Георгиевски, поранешниот директорот на Агенцијата за државни патишта, исто така обвинет во случајот „Траекторија“ за кого Кривичниот совет го одби барањето за притвор и му определи мерки за претпазливост.
СЈО поднесе вкупно 30 жалби на одлуките на Кривичниот суд.