ВМРО-ДПМНЕ бара од судот да ги врати одземените пасоши

Сподели

Судот не смее да подлегне на политичките притисоци и на пропагандата што во континуитет ја врши Специјалното јавно обвинителство против ВМРО-ДПМНЕ и нејзиното раководство.

Ова од пред Апелацискиот суд Скопје денеска го порача членот на извршниот комитет на партијата, Зоран Илиоски.
Апелацискиот суд попладнево на јавна седница ги разгледува жалбите на одбраната на поранешниот вицепремиер, Владимир Пешевски, и поранешниот директор на Агенцијата за државни пасишта, Љупчо Георгиевски, обвинети во случајот „Траекторија“ на Специјалното јавно обвинителство, на одлуките на Основниот суд Скопје 1 да им бидат одземени пасошите.

Тој, во името на ВМРО-ДПМНЕ, побара судот да ги отфрли „политичките барања на СЈО и да донесе одлука со која ќе се вратат патните исправи на лицата опфатени во предметите на Катица Јанева“.