Осмата седница на Собранието на Република Македонија која траеше до 3.30 часот утрово, ќе продолжи денеска во 13. часот, откако претседателот на Собранието Талат Џафери синоќа прогласи постојано заседание на Парламентот.
Попладнето и вечерта минаа без пратениците од владејачкото мнозинство, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата си реплицираа едни на други, што, според Џафери е „некоректно и ја забавува работата“. Пратениците ја продолжија истата практика и ноќта, откако седницата продолжи во 1 часот, по два и пол часовна пауза.
Откако во текот на вчерашниот ден, претседателот на Собранието, Талат Џафери, залепи фотографија на која пишуваше „Тишина, молам“, напишано на англиски, во текот на полноќното продолжение на 8. седница на Собранието, тој залепи уште две фотографии.
На едната фотографија имаше знак „забрането спиење“, а на другата со слика од лав пишуваше „Не е препорачливо да го разбудиш заспаниот лав“.
Седницата на која пратениците расправаа по Предлог завршната сметка за Буџетот за 2016 година траеше до 3:30 часот утрово, а продолжува денеска во 13 часот. Џафери реши да се работи и после истекот на работното време, па дури и после полноќ поради паузите кои во текот на целиот ден ги бараа координаторите на 10-те пратенички групи од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во 1 часот по полноќ, еден од координаторите, Илија Димовски, му се жалеше на Џафери дека не било хумано пратениците да работат во тоа време. По завршувањето на седницата, рано утрово започна и координација која траеше до нешто пред 4 часот.