Не постои поголемо и поштетно задолжување од она што ВМРО-ДПМНЕ им го направи на граѓаните на Македонија за време на 11 годишното криминално владеење. ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше расипнички, тајно и нетранспарентно, а парите од скапите задолжувања ги трошеше непродуктивно и за луксузирање и криминално богатење на поединци. Таквиот расипнички однос на ВМРО-ДПМНЕ кон парите на граѓаните, резултираше со јавен долг од над 50% од БДП, со околу 500 000 осиромашени граѓани и над 180 000 граѓани кои живееа со само 40 денари дневно.
Ребалансот на Буџетот е првиот чекор кон поправање на економските штети предизвикани од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и враќање на парите назад кај граѓаните. Преку ребалансот се решаваат долгогодишни проблеми на граѓаните, се намалуваат животните трошоци и се создаваат услови за придвижување на економијата и севкупен економски раст.
Новата Влада предводена од СДСМ работи согласно интересите на граѓаните, а предвидените средства од задолжувањата на домашниот пазар се со цел да се обезбеди навремена и целосна реализација на Буџетот по најповолни услови што ги нуди домашниот пазар односно по пониски каматни стапки.