Во 12 часот, Владата ќе ја одржи петнаесеттата седница на чиј дневен ред се користењето и имплементацијата на фондовите од ЕУ, состојбите и наредокот во процесот на европската интеграција и статусот на реализација на приоритетите на Македонија за влез во НАТО.
Oсвен тоа, точки на дневниот ред на владината седница се и статусот на реализацијата на Рамковниот договор, информација за постапување по обраќањата и по препораките на Народниот правобранител упатени до Владата на Република Македонија, органите на државната управа, други органи и организации што имаат јавни овластувања, во периодот март – април 2017 година, информации и извештаи за меѓународни договори и олеснувања, годишни извештаи за работата на повеќе државни институции, како и за мислењата на Владата по предлози од Собранието.