СЈО бара притвор за градоначалникот на Гази Баба

Сподели

Специјалното јавно обвинителство на јавна седница во Апелациониот суд побара притвор за градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски обвинет во случајот „ТНТ“, а одбраната на Трајковски бара да му се врати пасошот, пренесе 24 Вести.

Еден од аргументите на СЈО е тоа што градоначалникот добил три уредни покани за да даде исказ во СЈО, но тој не се појавил.

Трајковски пак бара да му биде вратен пасошот и пред судот изјави дека нема да ја попречува постапката и дека ќе одговара на сите покани.

Тој се товари за незаконско рушење на станбено – деловниот комплекс „Космос“во сопственост на  бизнисменот Фијат Цановски.