Државната изборна комисија денеска ќе ја одржи 123. седница на која, како што е најавено, треба да биде разгледано и усвоено упатството за начинот и за постапката за поднесување, прием и за потврдување на кандидатските листи за локални избори.
Членовите на ДИК ќе разговараат и за упатството за важечки и неважечки гласачки ливчиња, како и за утврдување на личниот идентитет на гласачот.
На дневен ред на седницата на ДИК, меѓу другото, е и извештајот за исплатата на надоместокот на трошоците на учесниците во изборната кампања.