Претставници на Здружението на новинари на Македонија денес се сретнаа со министерот за внатрешни работи, Оливер спасовски, со кого разговараа за зголеување на безбедноста на новинарите.
Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, рече дека институциите имаат обврска да обезбедат услови за непречена работа на новинарите и истакна дека владата треба да воспостави ефикасен систем за казнување на насилниците. Со тоа, владата ќе испрати јасна порака во јавноста дека насилсвопто против новинарите и медиумските работници е неприфатливо.
Тој побара МВР да работи интензивно на расветлување на сите 53 напади против новинари, кои се случиле во изминатите пет години.
Директорот на ЗНМ, Драган Секуловски потсети дека меѓу напаѓачите на новинари има и припадници на полицијата, кои во изминатиот период напаѓаа нонинари на протести. Освен тоа, полицајци беа инволвирани и на инцидентите во Собрание од 24 декември 2012 година и упадот на 27 април годинава, кога полицајци физички напаѓале и им се заканувале на новинари.
Беше разговарано и за можноста МВР да води посебен регистар за евидентирање на нападите против новинари, а беше истакната и потребата за подобрување на комуникацијата на полицијата со новинарите во секојдневната работа.
Министерот Спасовски соопшти дека МВР интензивно работи на расветлување на сите наади против новинари и вети дека многу скоро ќе излезе со првичен извештај за досегашната истрага за сите случаи. Тој изрази надеж дека во иднина ќе се подобри соработката со обвинтелството, кое е клучен актер во водењето на истрагите.