Франција бара помош поради шумските пожари, евакуирани 10.000 луѓе

Сподели

Франција побара помош од Европската Унија во борбата против шумските пожари во јужниот дел на земјата, поради коишто во текот на ноќта беа евакуирани 10.000 лица, соопштија официјални лица, јавува Anadolu Agency (AA).

„Најмалку 10.000 луѓе се евакуирани по избувнувањето на пожарот. Ова е област каде што населението е двапати или трипати побројно во текот на летото“, изјави еден од службениците на француските медиуми.

Илјадници пожарникари се борат со пожарот со регионот Прованса – Алпи – Азурен Брег, каде што избувна пожарот. Во пожарите изгореа околу 4.000 хектари по должината на медитеранскиот брег, во планинска област и на островот Корзика.

Најмалку седум пожарникари се повредени, а на 15 полицајци им е укажана помош поради вдишување чад.