Американскиот Сенат го одобри назначувањето на Реј за директор на ФБИ

Сподели

Американскиот Сенат го одобри именувањето на Кристофер Реј на местото директор на Федералното биро за истраги (ФБИ), предложен од страна на американскиот претседател Доналд Трамп, јавува Anadolu Agency (AA).

Реј со 95 гласови на местото директор на ФБИ го наследи Џејмс Коми, кој беше разрешен.

Трамп на 10. мај од должност го разреши Коми, кој водеше истрага за мешањето на Русија во минатогодишните претседателски избори во САД.

Во првата изјава којашто ја даде Трамп за медиумите поврзано со Коми, истакна дека тој не ја извршувал добро својата работа.

„Коми ја изгуби речиси сечија доверба во Вашингтон, без разлика дали станува збор за републиканците или за демократите. Кога сè ќе се нормализира, сите ќе ми се заблагодаруваат“, напиша Трамп на социјалната мрежа.