Демократски сојуз: Блокада на Македонија

Сподели

„Демократскиот сојуз оценува дека раководството на ВМРО-ДПМНЕ со опструкциите да се конституира Парламентот, потоа изборот на претседател и потпретседатели на Парламентот, да се спроведат кадровски промени во Јавното обвинителство и да се реформира судскиот систем, вршат класична блокада на реформите и блокада на реализација на програмите на партиите од парламентарното мнозинство.

Овие блокади значат и кочење на евроатланските процеси и спроведување на заклучните согледувања на Прибе, за реформи во тајните служби, медиумите и правосудството.

Определбата на опозицијата и преку неприфаќање на Договорот за добрососедски односи со Бугарија, имплементацијата на Уставните решенија за користење на албанскиот јазик и најавата за блокада за надминување на спорот наметнат од Грција, се нивна изборна платформа за градоначалници и советници. Тоа е силна манипулативна кампања која се обидува да допре до емоциите на граѓаните, независно каква цена ќе платиме сите и уште колку млади ќе се иселат од Македонија поради нездравиот амбиент што го создаваат, сиромаштијата и неправдата, како и блокадата на работата на клучните институции.

Кадровските промени се клучни за имплементација на програмата на Владата и затоа треба истите да се реализираат во најкраток можен период“ се вели во соопштението на Демократски Сојуз.