Еврејските и муслиманските организации во Соединетите Американски Држави (САД) остро го осудија протестот на припадниците на повеќе расистички и неонацистички групи, особено членовите на белата расистичка организација, Кју Клукс Клан (ККК) против црномурестите, како и нивниот напад врз антирасистите кои беа против овој протест, јавува Anadolu Agency (AA).
Светскиот еврејски конгрес (WJC) и остро реагираа против насилството во градот Шарлотсвил, во американската сојузна држава, Вирџинија.
Претседателот на Светскиот еврејки сконгрес, организација која ги претставува еврејските заедници во 100 земји, Роналд С. Лаудер, соопшти дека остро го осудува насилниот протест на неонацистите во Шарлотсвил.
– „Жално е што оваа омраза е распространета“ –
„Светскиот еврејски конгрес остро го осудува незамисливото насилство во неонацистичкиот протест што се одржа денес во Шарлотсвил. Нашите молитви се со жртвите, како и со нивните семејства. Исклучително е жално што оваа омраза и биготизам е распространета во еден дел од земјата. Во нашето демократско општество нема место за вакво насислтво и нетолеранција. Треба да бидеме спремни и да се обединиме за да се спротивставиме против ваквите тврдења“, вели Лаудер во неговото соопштение.
Исто така, во соопштението на најголемата организација, поборник за граѓански права на муслиманите во САД, Советот за американски исламски односи (CAIR), се наведува дека оваа организација го осудува јасниот терористички напад врз антирасистичките демонстранти извршен од страна на повеќе расистички групи како белите расисти, неонацистите, и ККК.
Едно лице го загуби својот живот, повеќемина беа повредени откако едно возило влета во антирасистичката група која протестираше против демонстрациите на расистите во Шарлотсвил. Исто така, двајца полициски службенци одговорни за следење на протестот на расистичката група со хеликоптер, загинаа откако полицискиот хеликоптер падна во близина на местото на протестите.
Демонстрантите почнаа да се собираат во градот против намерата за отстранување на статуата на командантот на конфедерациската армија за време на американската граѓанска војна, генералот Роберт. Е. Ли, која се наоѓа во Шарлотсвил.
Тензиите се зголемија откако антирасистичките групи одржаа контра-протест против демонстрациите организирани од страна на проекстремните расистички групи заради намерата за отстранување на статуата на генералот Роберт. Е. Ли, а потоа беше прогласена вонредна состојба во градот.