Повторно во употреба сините картони

Сподели

Граѓаните, односно пациентите повторно ќе ги користат сините картони за лекување и тоа како во здравствените установи, така и во аптеките, потврдува Фондот за здравствено осигурување на Република Македонија, бидејќи на здравствените електронски картички им истече петгодишниот рок на траење.

Главна причина за враќањето на сините картони во употреба е тоа што сè уште нема фирма која ќе ги печати новите картички, па затоа, како што информираат од Фондот за здравствено осигурување, сите осигуреници на кои ќе им истече електронската картичка треба да се обратат во подрачните единици на Фондот за да подигнат сини картони. Фирмите, пак, коишто имаат повеќе од 10 вработени, како што е наведено на веб-страницата на Фондот за здравствено осигурување, може да закажат достава на сини картони по електронска пошта: infoskopje@fzo.org.mk