Вардар го совлада Фенербахче

Сподели

Актуелниот фудбалски шампион Вардар го совлада Фенербахче со резултат 2-0, во првиот плеј-оф натпревар од Лигата на Европа.

Тимот на Чедомир Јаневски беше одличен на секоја позиција на теренот, а „црвено-црните“ поведоа преку одличниот погодок на Барсегјан. Ерменецот прими добра топка, се ослободи од Мартин Шкртел и прецизно стрелаше во мрежата на голманот Камени.

До крајот на полувремето, турскиот тим направи неколку шанси, но мрежата на Гачевски мируваше. Второто полувреме се направија неколку измени на двете страни, со цел да се освежи играта.

Во 75-та минута, Валбуена биеше од слободен удар, но за среќа на Гачевски, топката заврши над голот. По само шест минути, Туфан се закани кон голот на Вардар, но голманот на „црвено-црните“ беше сигурен. Во 89-та минута, капитенот на Вардар, Бобан Грнчаров доби исклучување, откако заработи втор жолт картон.

И кога сите очекуваа крај на мечот, Мехмет Топал реагираше почетнички и си постигна автогол, за големо славје на „Телеком Арена“.

Со ваков резултат, шансите за Вардар да продолжи во Лигата на Европа се огромни, но, останува уште еден натпревар во Турција.

tv21