МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од пороен дожд и грмежи и со засилен ветер вдолж Повардарието и кон истокот.
Минималната температурата ќе се движи од 12 до 21 степен, а дневната од 20 до 29 степени.
Во Скопје и околината слично време со утринска температура до 18 Целзиусови степени, а дневна до 26 Целзиусови степени.
Утре ветерот повремено ќе се засилува, но ќе почне период на стабилно време со постепен пораст на дневната температура која ќе се движи од 23 до 30 степени.