Албанија ги зајакна безбедносните мерки поради терористичките напади во Европа

Сподели

По терористичките напади во Европа и опасноста дека може да има и нови, албанската полиција ги засили безбедносните мерки на јавните места и на граничните премини, јавува Anadolu Agency (AA).

Генералниот директорат на албанската полиција објави дека се засилени патролите во сите градови, на културните и спортските настани, најпосетуваните трговски центри, во близина на дипломатските згради и други објекти.

Полицијата соопшти дека ќе ја зајакне контролата на граничните премини, а од јавноста се бара да соработува со пријавување на какво било сомнително дејствување.

Се тврди дека антитерористичките структури на теренот интензивно работат за да ги држат под контрола ризичните лица склони на радикализам, како и нивните мрежи.