Северна Кореја лансираше нов проектил, и покрај острите предупредувања од претседателот на САД, Доналд Трамп, и одлуките на Советот за безбедност на ОН (СБОН), јавува Anadolu Agency (AA).
Јапонија соопшти дека Северна Кореја изврши ново тестирање на проектил, кој овој пат прелетал преку територијата на таа земја.
Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе, изјави дека балистичкиот проектил на Северна Кореја поминал низ воздушниот простор на Јапонија.
„Веднаш по лансирањето, јапонската Влада внимателно го следеше движењето на проектилот и презеде мерки за безбедност на населението. Проектилот претставува невидено ниво на опасност за мирот и стабилноста во регионот“, изјави Абе, кој додаде имал телефонски разговор и со американскиот претседател Трамп.
Откако новиот проектил на Северна Кореја прелета над јапонскиот остров Хокаидо, се распадна на три дела и падна во Тихиот Океан, илјадници километри од копното.
Секретарот на кабинетот на јапонскиот премиер Јошихиде Суга изјави дека проектилот што го лансираше Северна Кореја претставува сериозна закана и оти на тоа во вистинско време ќе биде даден остар одговор.
Јужна Кореја соопшти дека проектилот бил лансиран во 06.06 часот по локално време и достигнал висина од 550 километри, поминувајќи растојание од 2.700 километри.