Катастар од утре со поевтини услуги

Сподели

Од утре се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижности што значи дека граѓаните кои од страна на Катастарот се одбиени по кој било основ, при повторното поднесување на пријавата нема да плаќаат надомест.

Директорот на Катастарот Борис Тунџев 0изјави дека работат на адаптирање на електронскиот шалтер којшто треба да ја овозможи реализацијата на оваа мерка. Тоа значи, дека во случај кога од Агенцијата за катастар на недвижности е одбиен предметот по кој бил основ, при повторното поднесување на истата таа пријава за тој предмет граѓаните нема да плаќаат никаков надомест.

Од страна на Катастарот најавено е и намалување во сегментот на користење на податоците од Агенцијата на катастар, како и на надоместокот кој граѓаните го плаќаат при запишување на одредени права.