Протест на граѓаните со исклучено парно

Сподели

Денеска напладне незадоволните граѓани кои се исклучени од системот на Топлификација, го најавија 127. мирен протест, кај Тримфалната капија во центарот на Скопје.

Тие најавија дека подготвуваат кривични пријави против одговорните лица и институции и оти во наредниот период ќе се фокусираат кон работата на Регулаторната комисија за енергетика и лиценците за работа, кои таа ги издава.

-За организираниот криминал со парното ги известивме и новите власти и бараме побрзо и поефикасно  решавање на овој проблем.