Партизацијата, злоупотребата, уцените и притисокот врз вработените во администрацијата беше една од главните одлики на владеењето на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да бидат сервис на граѓаните, преку масовната партизација и злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ, институциите се претворија во сервис за исполнување на желбите на Груевски и соработниците. Заврши времето на злоупотреби и притисоци врз институциите од страна на Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, стои во соопштението на СДСМ.
Според партијата, започнатиот реформски процес на ослободување на партизираните и заробени институции обезбедува независни и професионални државни институции што работат во интерес на граѓаните. „Никогаш повеќе нема да се повтори институциите да им служат на партиите, наместо на граѓаните како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ.
По промените на локалните избори, таквиот процес на ослободување ќе продолжи и на локално ниво по што ќе следува професионализација и на инстуциите во рамки на локалната власт“, се додава во соопштението.