Министерството за надворешни работи на Русија ги повика советниците на американската амбасада во Москва и им врачи протесна нота поради намерата на американските власти да извршат претрес Трговското претставништво на Руската Федерација во Вашингтон.
„Во нотата се истакнува дека планираниот нелегитимен претрес на дипломатските простории на Русија без присуство на руските власти ја сметаме за агресивна акција која американските разузнавачки агенции би можеле да ја искористат за организирање на антируски провокации со помош на подметнати компромитирани предмети“, се вели во соопштението на Министерството за надворешни работи на Русија.
Во соопштението се додава дека Москва го задржува правото на возвратни мерки на основа на реципроцитет.
Претходно руското министерство за надворешни работи соопшти дека специјалните служби на САД имаат намера на 2 септември да извршат претрес во рускиот конзулат во Сан Франциско, а американскиот Стејт департмент одби да ја коментира оваа информација.