Жерновски независен кандидат за прв човек на Општина Центар

Сподели

Андреј Жерновски, реши да се кандидира како независен кандидат и да не ја чека одлуката на СДСМ која може да биде и во корист на неговата кандидатура.

Жерновски ги собра неопходните потписи од жителите на Центар и влегува во трката за градоначалник на оваа скопска општина.

Според последните анкети на јавното мислење, Жерновски има поддршка од повеќе од 50 отсто од избирачите и неговиот рејтинг е повеќе од двојно повисок од рејтинзите на потенцијалните противкандидати.