Си реков еднаш себе си: „подалеку од вистината оти знае многу да боли, одмори ја малку душата и слушни барем неколку лаги можеби тие ќе те утешат за миг“….Го послушав советот и (не)живеев така два-три дена…и на мојата врата – так-так….пак затропа таа – вистината …Беше лута на мене, беше страшно бесна, ме зграби цврсто во рацете свои сакајќи да ме гушне….Но, каква прегратка луѓе? – Коски ми испукаа, душа ми занеме…Ја скокотнав малку за да ја одоброволам…таа се на…смеа слатко, невидено… и ми рече: “џабе ти е што ме тргна деновиве, неможеш без мене да живееш, ќе ти пукне душата, ќе ти се раскости телото“… и не престана да се смее….и така….си живееме заедно….некогаш и ја трескам вратата да излезе малку, но таа тогаш стои зад вратата и погласно се смее за да ја слушам одвнатре….а, јас, тогаш најгласно плачам во себе….оти станала дел од мене, сраснала со мојата душа….па неможеме разделени…оти така ме научиле тие тројцата горе на небото што го играат тешкото оро фатени за ѕвездите…. или пак, и така сум си скроена сама од себе….
Соња Р. Јовановски