Собирај писма, да ти бидат трамвај за назад,
и драги насмевки, ќе си ги пушташ штом ги нема.
Собирај рамена кога не си сигурен, или веѓи, ако некој прекардаши за нешто!
Одземај зборови некастрени и груби, и безмерен товар на кревко ждребе,…
одземај болест од босо сираче,
и срам од лузни, белези ил’ пелтечење!
Подели Сонца на стари сојници,
и парки неба над невини робијаши,
подели ново име на сите празници, да не се тоа – туку полници!
Помножи ѕвезди над росни падини, зинати очи над родни градини,
помножи искри во стари тланици,
само за назад отпретај граници!
Собирај,
Одземај,
Подели,
Помножи – кога ќе пресметаш, еднакво е на живот!