Претседателот на Бразил обвинет за водење криминална организација

Сподели

Главниот бразилски обвинител Родриго Жанот предаде барање до Врховниот Федерален суд за подигање обвинение против претседателот на Бразил, Мишел Tемер, за кривичните дела „раководство на криминална организација“ и „блокирање на правосудството“, јавува Anadolu Agency (AA).

Освен претседателот Teмер, во обвинителниот акт што Жанот го предаде до Врховниот суд, кој во наредните денови ќе биде разгледан, наведени се и имињата на одделни министри кои се членови на Партијата за демократско движење на Бразил (PMDB).

Се наведува дека претседателот Teмер ја блокирал работата на судството и предводел криминална организација којашто се занимава со различни нелегални активности и корупција во државните претпријатија, како што се нафтената компанија „Петробрас“, компанијата за електрична енергија „Фурнас“, државната банка „Caixa Economica“ (Федерална штедилница).

Обвинителот Жанот тврди дека оваа криминална организација преку јавните институции остварила добивка од 187 милиони долари.

Главниот обвинител на Бразил во јули оваа година го обвини претседателот Teмер за пасивна корупција, но податоците за случајот што беше ставен на гласање не доби доволно гласови во бразилскиот Парламент.