Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ: ГРУЕВСКИ – Новата ера е зеленило, зеленило, зеленило!

Сподели

„Новата ера е зелен, зелена, зелено, односно во иднина најбитна ќе ни биде екологијата. Загревањето со дрва и нафта да го замениме со централно греење и палети. Ќе се бориме наместо сегашните 5 илјади долари по жител, да бидат како во високо рангираните држави кои имаат по 12 илјади долари“, рече Груевски.

Помрачувањето што сега и го прави власта на Македонија ќе заврши на 15. октомври годинава и ќе дојде нова ера со ВМРО-ДПМНЕ, им порача партискиот лидер Никола Груевски на присутните на вечерашната конвенција на ВМРО-ДПМНЕ во спортската сала Борис Трајковски за промоција на нејзините кандидати за градоначалници.

Груевски образложи 20-тина точки од документот „Новата ера почнува“ што е и нивен слоган за претстојните локални избори.

-Најавувам жестока борба против криминалот и корупцијата, судиите треба да бидат независни и непристрасни. Полицијата треба да е сервис на граѓаните. Медиумите ќе добиваат финансиска помош од државата, рече вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Субвенции, автопатишта, социјална политика, пензии, сиромаштија, плати, образование, штедење енергија, нови закони, гасни електрани, ветерници.