Трамп ја прошири забраната за патување во САД на осум држави

Сподели

Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, во неделата објави дека се проширува забраната за патување во САД, која ќе се применува на осум земји, јавува Anadolu Agency (AA).

Забрана за патување ќе се применува за државјаните на Чад, Иран, Либија, Северна Кореја, Сомалија, Сирија, Венецуела и на Јемен, и стапува на сила на 18 октомври.

Некои од овие земји ќе се соочат со целосна забрана, а за некои, како Венецуела, ќе бидат воведени ограничувања што ќе се однесуваат исклучиво за конкретни службеници и за нивните семејства.

Вчера, Трамп ја потпиша новата регулатива за продолжување на забраната за патување, на истиот ден кога истекуваше привремената забрана за влез во САД за граѓаните на шест претежно муслимански земји.

„Америка да биде безбедна е мојот прв приоритет. Во нашата земја нема да ги примаме оние што не можеме да ги контролираме“, напиша на „Twiter“ (Твитер) Трамп, откако најави нови ограничувања.