ЦИВИЛ: „Слободни избори за слободно општество“

Сподели

Конференција СЛОБОДНИ ИЗБОРИ ЗА СЛОБОДНО ОПШТЕСТВО

Локални избори 2017: Што претходеше, што треба да се направи, кои се ризиците пред нас?

ЦИВИЛ – Центар за слобода организира конференција под наслов „Слободни избори за слободно општество“, на која поканува експерти, аналитичари и претставници на граѓанското општество да ги презентираат своите наоди и препораки за изборниот процес, особено во тринеделниот период на официјална предизборна кампања. Конференцијата ќе се обиде да даде одговор на прашањето: Што претходеше, што треба да се направи и кои се ризиците пред нас, во контекст на локалните избори во Република Македонија?

Конференцијата ќе се одржи на 25 септември од 11 до 13 часот, во просториите на Клубот на новинарите. Оваа активност е дел од проектот Слободни медиуми за слободно општество, поддржано од Федералното министерство за надворешни работи на Сојузна Република Германија.

На конференцијата се поканети и медиуми, НВО, институции, политички партии и заинтересирани граѓанки и граѓани. Тие ќе имаат можност да поставуваат прашања или коментари со должина до една минута, по излагањата на говорничките и говорниците на Конференцијата.